Италија
Дрис Мертенс, Наполи, Арсенал

Интер има поголеми шанси за трансфер на Дрис Мертенс, од Челси. Договорот на белгискиот напаѓач истекува летово и се чини дека тој нема да биде продолжен.

До неодамна се веруваше дека Белгиецот ќе му се придружи на Челси, но според Скај Спорт Италија, неговиот следен клуб ќе биде Интер.

Понудата на Наполи е за двегодишен договор со плата од 10 милиони евра, но Мертенс веројатно нема да ја прифати. Сепак, тој е подготвен да остане во Серија А и да го засили Интер, каде ќе може да игра со својот сонародник и репрезентативен колега Ромелу Лукаку.

Френк Лампард не се откажа од идејата да го убеди Белгиецот да потпише со Челси. Менаџерот на “сините“ од Лондон сака Мертенс да го замени Педро Родригез, кој е сигурен дека ќе го напушти “Стемфорд Бриџ“.

Сезонава 33-годишниот Мертенс има 12 голови и 6 асистенции на 29 официјални натпревари за Наполи.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *