Италија
Рома, Шеик

Рома објави огромни долгови од 278,5 милиони евра. Лошата вест е дека задолженоста на “римската волчица“ се зголеми за 60 милиони евра од нивниот последен објавен биланс во јуни 2019 година.

Една од главните причини за лошата состојба на финансиите во Рома е секако пандемијата на коронавирус, поради која повеќе од два месеца не се игра фудбал во Европа.

Ситуацијата е критична и затоа клубот повика вонреден состанок на акционерите на 26 јуни. Синоќа беше објавено дека претседателот на клубот Џејмс Палота се обидува да го продаде клубот на саудиските инвеститори, кои имаат намера да купат англиски Њукасл, но според извори блиски до клубот работите не одат добро.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *