Англија
Вејн Руни, Ван Гал, Манчестер Јунајтед

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни верува дека “црвените ѓаволи“ направиле голема грешка кога го отпуштиле Луј ван Гал, по две сезони во клубот. Холанѓанецот доби отказ во мај 2016 година, а беше заменет со Жозе Мурињо.

“Бев ужасно разочаран кога Ван Гал беше отпуштен од работа. Задоволство беше да соработувам со него. Требаше да го задржиме барем уште една сезона. Ние ќе бевме многу посилни”, изјави Руни.

“Чувствував дека работите се подобруваат и играчите сè повеќе ја разбираа неговата визија. Во тие две години научив повеќе од кој било друг менаџер. Затоа секогаш ќе бидам благодарен на него. Тој не само што ме направи капитен, туку и целосно веруваше во мене.

Го немавме најдобриот тим во лигата и не можевме да си дозволиме да имаме 12 повредени. Нашите најдобри играчи беа доволно добри за топ 4, но откако дојдоа повредите, имавме проблем затоа што немавме доволно квалитет во тимот”, додаде поранешниот репрезентативец на Англија.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *