Англија
Калум Хадсон-Одој, Челси

Крилниот напаѓач на Челси, Калум Хадсон-Одој беше уапсен во раните утрински часови, открива “Sun“. Фудбалерот ги прекршил правилата на социјална изолација и гласно се расправал со млада девојка. Списанието додава дека Хадсон-Одој ја запознал жената на Интернет и ја поканил во неговиот дом. Сепак, двајцата се скарале и девојката се јавила во полиција.

Дамата, исто така, повикала брза помош бидејќи не се чувствувала добро. Соседите на Хадсон-Одои изјавија дека жената пристигнала во автомобил испратен од играчот на Челси. Двајцата флертувале на Интернет, а младинскиот репрезентативец на Англија побарал од девојката да дојде облечена во еротска долна облека.

Повикот беше примен од полицијата во 03:53 часот. По пристигнувањето на полицијата, 19-годишниот фудбалер е одведен во станицата.

Хадсон-Одој беше меѓу првите играчи на Островот кој беше позитивен на COVID-19. Тинејџерот одамна го помина вирусот и треба да започне со тренинзи на крајот на неделава.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *