Италија
Јувентус, лого

Италијанскиот спортски весник Gazzetta dello Sport објави список со сите плати на играчите на Јувентус. Ова се нето плати, без даноци. Очекувано Кристијано Роналдо е осамен на врвот со 31 милион евра по сезона. Втор е Матијас де Лихт со 8 милиони годишно. Гонзало Игуаин, Миралем Пјаниќ (7,5 милиони евра) и Пауло Дибала (7,3 милиони евра) ја сочинуваат највисокоплатената петорка.

Платен список на Јувентус

Новите засилувања, кои дојдоа како слободни агенти – Арон Рамзи и Адриен Рабио, земаат по 7 милиони евра.

Интересно е што претпоследен на списокот е легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, со 1,5 милиони евра годишно.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *