Англија
Трој Дини, Ватфорд

Капитенот на Ватфорд, Трој Дини одби да се врати на тренинзи со тимот. Во понеделникот им беше дозволено на клубовите во Премиер лигата да продолжат со тренинзите во своите бази, во мали групи.

Ватфорд планира да започне со тренинзи утре, но Дини е непоколеблив на ставот дека нема да се појави на тренинзи, бидејќи има многу неизвесности во врска со безбедноста на играчите поради пандемијата од КОВИД-19.

“Мора да се вратиме на тренинзи неделава, но јас го известив раководството дека нема да бидам присутен. Доволно е еден од нас да се зарази со коронавирс, за сите да нè фати. Не сакам да ја однесам инфекцијата дома. Мојот син е пет месеци и има потешкотии во дишењето. Не сакам да му предизвикам повеќе проблеми. Според правилата, мора да одам дома со истата облека со кој сум тренирал, што е уште еден предуслов за пренесување на вирусот дома. Веќе ги изгубив татко ми, баба, дедо, скоро сите блиски. Здравјето е поважно од парите во џебот “, рече Дини пред англиски медиуми.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *