Англија
Манчестер Јунајтед, лого

“Црвените ѓаволи“ објавија дека ќе ги вратат средствата на своите навивачи со сезонски билети, за оние натпревари на кои нема да може да присуствуваат поради пандемијата на коронавирус.

Сезоната во Премиер лигата е прекината од март, а Јунајтед моментално е на 5-то место на табелата, со четири домашни натпревари до крајот на сезоната. Клубот објави специјално обраќање до сезонските носители на билети, кое што вели:

“Ние го делиме вашето разочарување што нема да може да го гледате Јунајтед од стадион. Но, сакаме да ја искористиме оваа прилика и да ве охрабриме да продолжите да ја давате вашата лојална поддршка од удобноста и безбедноста на вашиот дом.”

Клубовите добија дозвола да играат на своите стадиони, а не на неутрални терени, како што сакаа властите во Англија. Јунајтед исто така бара од своите навивачи да не се собираат пред стадионите каде играат “црвените ѓаволи“, сè додека траат мерките за претпазливост.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *