Италија
Симоне Инѕаги, Лацио

Раководството на Лацио има намера да му понуди нов договор на тренерот Симоне Инзаги, пренесува Скај Италија. Тековниот договор на стратегот е до 2021 година, а неговата плата е околу 2 милиони евра годишно. Сепак, клубот сака да го обврзи уште три години, зголемувајќи ја неговата плата за пола милион по сезона, т.е. на 2,5 милиони.

Инзаги во последниве години има сериозен успех на чело на “римските орли“. Тој го донесе во клубот италијанскиот куп, два италијански Суперкупа, а сезонава е сериозен конкурент за титулата во Серија А со само бод помалку од лидерот Јувентус.

Инзаги (44) ја започна својата тренерска кариера со младинскиот тим на Лацио. Тој беше ставен на чело на првиот тим во април 2016 година на местото на отпуштениот Стефано Пиоли. Потоа, клубот се договори со Марсело Биелса, но во последен момент Аргентинецот се повлече и газдите на Лацио беа принудени итно да го вратат Инзаги на кормилото. Сепак, ова се покажа како брилијантен потег.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *