Англија
Оливие Жиру, Кабајеро, Челси

Челси го официјализираше продолжувањето на соработката со искусните Оливие Жиру и Вили Кабајеро. Договорите на двајцата истекуваа на 30-ти јуни, но “сините“ ги активираа клузулите во нивните договори, за дополнителни 12 месеци.

33-годишниот Жиру има постигнато 21 гол на 76 натпревари за Челси, по неговиот трансфер од Арсенал зимата 2018 година.

Кабајеро е во клубот од летото 2017 година, кога дојде од Манчестер Сити. Аргентинецот ќе наполни 39 години наесен.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *