Европа
Бранислав Ивановиќ, Зенит, Русија

Дефанзивецот на Зенит, Бранислав Ивановиќ речиси сигурно ќе остане во тимот следната сезона. Искусниот Србин доби понуда да го продолжи договорот, според кој ќе отане во Санкт Петербург до 2021 година.

Двете страни веќе имаа разговори на оваа тема, но конечна одлука ќе биде донесена по крајот на сезоната. Според руските медиуми, 36-годишниот Ивановиќ ќе ја прифати понудата. Во неодамнешно интервју, тој рече дека не му пречи да остане во Зенит уште една година.

Бранислав Ивановиќ е во Зенит од 2017 година, во тој период запиша 86 натпревари и 7 голови. Тој претходно играше за Срем, ОФК Белград, Локомотив (Москва) и Челзи.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *