Англија
Мохамед бин Салман, Њукасл

Клубовите од Премиерлигата дале зелено светло за финализирање на договорот за промена на сопственоста на Њукасл, објави таблоидот „Sun“. Официјалното соопштение за промената на раководството се очекува на почетокот на јуни.

Според британските медиуми, Мајк Ешли ќе продаде 80 проценти од акциите на клубот на саудискиот конзорциум предводен од принцот Мохамед бин Салман. Договорот е вреден вкупно 300 милиони фунти, при што 10 проценти од клубот ќе завршат кај британски милијардери, браќата Рубен, кои исто така се дел од конзорциумот.

И покрај протестите на голем број невладини организации дека договорот не треба да се случи бидејќи човековите права не се почитуваат во Саудиска Арабија, претставниците на предложениот нов менаџерски тим на „страчките“ ги исполниле барањата на Премиерлигата за морал и лични квалитети.
 

Финализирањето на договорот ќе стави крај на 13-годишното управување на Ешли, кој не беше омилен меѓу приврзаниците на Њукасл поради слабите резултати на теренот и недостатокот на сериозни инвестиции во тимот.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *