Франција
Фабрегас, Монако, Лига 1

Раководството на Монако планира значително да го намали бројот на играчи со договори во првиот тим, соопшти Франс прес. Според информациите, клубот од кнежеството има намера да се раздели со дури 30 играчи.

Монако го има третиот најголем буџет во францускиот шампионат, но тимот останува надвор од европските турнири втора сезона по ред, што значително се одрази на буџетот. Клубот ќе ја смени својата трансфер политика, со надеж дека ќе собере околу 50 милиони евра од продажбата на играчи.

Меѓу оние на трансфер-листата се Беноа Бадијашиле, Висам Бен Једер, Бенџамин Хенрикс, Јусуф Фофана и Фоде Бало-Туре. Францускиот шампионат беше суспендиран поради пандемијата и нема да се доигра. Монако ја заврши сезоната како деветопласиран.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *