Трансфери
Адриен Рабио, Јувентус

Играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио би можел летово да се пресели во Арсенал, пренесува „Мирор“.

Според списанието, “топџиите“ веќе започнале преговори за трансфер на 25-годишниот Французин. За играчот од средниот ред се заинтересирани и Манчестер Јунајтед и Евертон.

Рабио се пресели во Јувентус минатото лето, како слободен агент, но досега не успеа да се наметне во тимот на “бјанконерите“. Тој дури беше вплеткан во мини-скандал минатата недела, кога се вели дека одбил да се врати во Торино, во знак на протест поради намалувањето на платите.

Сезонава тој одигра 24 натпревари за тимот. Неговата цена според Transfermarkt.com изнесува 25,5 милиони евра.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *