Германија
Бајерн Минхен, навивачи, Алијанц Арена

Германскиот шампион Баерн Минхен донираше 460 000 евра (504 000 американски долари) на аматерскиот фудбал и спорт во Баварија. Од клубот изјавија дека средствата треба да ги поддржат клубовите во финансиските проблеми поради пандемијата на коронавирус.

Сумата доаѓа од навивачите на Бајерн, кои не побараа поврат на парите од билетите за домашните натпревари, кои сега ќе се одржат без гледачи. Секој од 18-те баварски клубови на четвртото ниво од регионалната лига ќе добие 20 илјади евра, а Федералната спортска асоцијација на Баварија 100 илјади евра.

Поранешниот претседател на Баварците, Ули Хенес изјави дека Бајерн “може да дејствува од позиција на сила“ и да ја покаже својата солидарност на различни начини. “Сега не е време да се гледате себеси. Ни треба оптимизам и солидарност во нашето општество“, додаде Хенес.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *