Англија
Фифа 20, публика

Звукот од публиката, кој се користи во ФИФА 20, може да се искористи за создавање атмосфера за време на телевизискиот пренос на натпреварите во Премиер Лигата, откако ќе се обнови сезоната. Ова ќе го понуди Премиер лигата на клубовите на состанокот во четврток.

Ова ќе го компензира отсуството на публика во преостанатите 92 средби, од кои секоја ќе се емитува во живо. Уште неколку идеи поврзани со ТВ покриеноста на натпреварите ќе бидат разгледани во четврток. Меѓу нив за поставување фигури на навивачи на трибините, употреба на повторувања од 360 степени и употреба на т.н. „тактичка“ камера.

Веројатно сите овие предлози ќе бидат прифатени без проблеми. Сепак, поважните прашања што треба да се решат се други. Клубовите мора да ја одобрат идејата за околу 12 натпревари, кои се дефинирани како висок ризик, да се играат на неутрални терени. Исто така, мора да се одлучи како да се продолжи доколку сезоната се прекине предвремено. Ќе се разговара и за можните дисциплински санкции за кршење на протоколот за COVID-19.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *