Италија Опсајд
Кристијано Роналдо, Јувентус, Фиорентина, Серија А

Ѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо ја надмина бројката од 1 милијарда богатство. Според магазинот „Форбс“, тој е првиот фудбалер во историјата на спортот што успеал да ја надмине оваа бројка.

Португалецот во 2019 година остварил вкупно бруто добивка од 105 милиони долари, со што се позиционира на четвртото место на листата на „Форбс“. Тој досега од фудбалот и спонзорските договори заработил повеќе од милијарда долари.

Португалецот е третиот спортист во историјата кој ја минал оваа бројка. Пред него се двајца Американци, Тајгер Вудс и Флојд Мејвејдер.

Кристијано Роналдо во неговата 17-годишна кариера само од договорите со клубовите заработил 650 милиони долари, а откако ќе му заврши договорот со Јувентус во 2022 година ќе биде побогат за уште 105 милиони долари. Останатите пари Роналдо ги заработил од спонзорски договори и соработки.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *