Италија Опсајд
Хуан Куадрадо, Матијс де Лихт, Јувентус

Колумбијскиот репрезентативец и член на Јувентус, Хуан Куадрадо се пошегува со својот клупски колега Матијас де Лихт за неговите манири. Куадрадо постави видео на Инстаграм од кантината на “бјанконерите“, каде Холанѓанецот алчно јаде салата.

“Како се храни Хулк“, напиша Колумбиецот, придружувајќи ги своите зборови со слика од цртаниот лик. Неколку часа подоцна, девојката на Де Лихт, Анеке Моленар, постави уште едно видео како одговор, на кое, нејзиното момче јаде многу попристојно. Таа напиша: “Лекцијата е научена“.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *