Франција
Тијаго Силва, Единсон Кавани, ПСЖ

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо ја потврди разделбата со Единсон Кавани и Тијаго Силва на крајот на сезоната. И двајцата имаат договори што истекуваат на крајот од месецов, по што ќе заминат како слободни агенти.

“Нашата идеја е да останат со нас до крајот на Лигата на шампионите во август. Двајцата ќе го напуштат ПСЖ на крајот на август “, изјави Леонардо за Journal du Dimanche.

“Обајцата направија историја во ПСЖ. Отсекогаш сме се прашувале дали треба да го продолжиме нашето патување заедно. Но, да, дојде време каде се разделуваат нашите патишта“, додаде Леонардо.

Кавани е број 1 стрелец во историјата на ПСЖ со 200 погодоци. Покрај нив двајцата “Парк де Принс“ ќе го напуштат и Томас Муние, Лавин Курзава и Ерик Максим Чупо-Мотинг.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *