Франција
Лига 1, Франција, коронавирус

Француската фудбалска лига одобри да се примат 7.000 навивачи на стадионот за натпреварот од втората лига меѓу Оксер и Клермонт следниот викенд.

Заради ограничувања поради пандемијата на коронавирусот, дозволено е да присуствуваат најмногу 5.000 гледачи, освен ако клубовите не добијат специјално одобрение од локалните власти. Оксер има зелено светло од префектурата, со што мечот на 12 септември е прв со повеќе од 5.000 гледачи од воведувањето на правилото за оваа сезона.

“Француската лига ја поздравува одлуката“, се вели во соопштението на лигата, додавајќи дека се надеваат дека и другите клубови ќе го следат примерот. Фановите сè уште треба да носат маски на стадионот и да оддржуваат социјално растојание.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *