Франција
Мемфис Депај и Муса Дембеле

Олимпик Лион може да се раздели со својот капитен Мемфис Депај за сума од 30 милиони евра, пренесува „Тим“. Според изданието, францускиот клуб ги побарал овие пари од Барселона и Каталонците се подготвени да ги платат.

26-годишниот Мемфис има помалку од една година од досегашниот договор и се чини многу веројатно да си замине од Лион.

Холанѓанецот се приклучи на францускиот тим во 2017 година, од Манчестер Јунајтед, за сума од 16 милиони евра. Минатата сезона напаѓачот постигна 15 гола и направи 2 асистенции на 22 натпревари за Лион. Сезонава настапи само на еден натпревар, а за 70 минути постигна хет-трик.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *