Трансфери Шпанија
Гризман, Суарес, Видал, Барселона

Директорот за спортски и технички прашања на Барселона, Рамон Планес, ја коментираше претстојната разделба со Луис Суарес. Напаѓачот е во потрага по нов клуб, откако Роналд Куман не го сака во својот тим.

“Ние мора да ги почитуваме играчите кои дадоа многу за клубот, а Луис е таков. Но, сега сме во фаза на промена со нов менаџер кој има нови идеи. До 5-ти октомври, кога пазарот ќе се затвори, многу работи може да се случат“, рече денес Планес.

“Јавна тајна е дека бараме засилувања за нападот“, продолжи Планес. – “Но, не секој може да игра со нас. Барселона е голема машина која секогаш го бара најдоброто. Со месеци работиме на подобрување на составот. Потребни ни се играчи кои се и искусни и квалитетни“.

Рамон Планес обрна внимание и на Артуро Видал, кој наскоро ќе се пресели во Интер. “Ја користам оваа можност да му се заблагодарам за неговиот придонес во тимот во изминатите две сезони. Тој беше важен дел од тимот. Сепак, трансферот сè уште не е факт и не може да ги потврдам деталите за тоа “.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *