Трансфери Шпанија
Герет Бејл, Реал Мадрид

Крилото на Реал Мадрид, Герет Бејл се прости од своите соиграчи по утринскиот тренинг, тврди Jugones. Иако Велшкиот фудбалер направи индивидуална активност, тој се состана со групата неколку минути подоцна за да објави дека заминува за Тотенхем. Неговиот трансфер во Спарс се смета за сигурна работа.

Утре, Герет и Серхио Регилон ќе летаат за Лондон, каде треба да ги завршат своите зделки. Официјалната продавница во Лос Бланкос веќе не продава дресови со името на Бејл, што исто така АС вели дека е сигурен знак за неговиот трансфер.

Бејл го напушта Сантијаго Бернабеу по седум сезони во Реал, во кои четири пати ја освои Лигата на шампионите и двапати Ла Лига, но никогаш не ја освои публиката, и особено тренерот Зинедин Зидан.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *