Шпанија
Фернандо Торес, Атлетико Мадрид, тренер

Легендата на шпанскиот фудбал, Фернандо Торес, својата тренерска кариера ќе ја започне во Атлетико Мадрид. “Ел Нињо“ ќе започне нов предизвик, како асистент-тренер на кадетите “А“, во детското училиште на „Рохибланкос“. 36-годишниот поранешен фудбалер ќе стане асистент на Рики Алонсо и во меѓувреме ќе помине курсеви за професионален тренер.

Торес играше за Атлети 11 сезони и е еден од најомилените фудбалери на „црвено-белата“ публика. Тој постигна 121 гол на 351 натпревар за клубот од Мадрид.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *