Шпанија
Лука Јовиќ, Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ има намера да го напушти клубот, тврди реномираниот “Марка“. На српскиот фудбалер не му одговара односот на тренерот на тимот Зинедин Зидан. Тој е разочаран од ситуацијата на Бернабеу.

Затоа 22-годишниот Јовиќ сака да се врати во Ајнтрахт Франкфурт, од каде што Реал го купи за 60 милиони евра летото 2019 година. Минатата сезона Јовиќ настапи на 25 натпревари во сите натпреварувања. Постигна 2 гола и направи 2 асистенции.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *