Трансфери
Џастини Клајверт, Рома

Рома ќе го отстапи своето крило Џастин Клајверт на РБ Лајпциг, објави Фабрицио Романо. Германскиот клуб ќе плати 1,5 милиони евра за позајмицата, и ќе има можност трајно да го окупи договорот на Холанѓанецот. Лекарските прегледи ќе бидат утре, кога ќе бидат расчистени сите детали од зделката.

Клајверт пристигна во Рим летото 2018 година, кога беше купен од Ајакс за 17,25 милиони евра. Сепак, 21-годишникот не ги оправда очекувањата, одигра 68 натпревари со тимот на “римската волчица“, на кои постигна 9 гола и 10 асистенции. За него се интересираше и Херта Берлин, додека Лајпциг се сврте кон Холанѓанецот откако не успеа во обидите да го привлече Томас Лемар од Атлетико Мадрид, во главно поради неговата висока плата.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *