Трансфери
Алекс Телес, Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед официјално го објави трансферот на Алекс Телес од Порто. Левиот бек потпиша четиригодишен договор со опција за продолжување на дополнителни 12 месеци. Според англиските медиуми, „црвените ѓаволи“ првично ќе платат 15 милиони евра за 27-годишниот Бразилец, плус три милиони во форма на бонуси.

“Да настапувам за клуб со престиж на Манчестер Јунајтед е голема чест. Можам да ветам дека ќе дадам сè од себе да го направам мојот престој овде успешен. Освоив многу трофеи со Порто и сакам да продолжам да го правам истото со Јунајтед. Менаџерот има јасен план за правецот во кој сака тимот да оди. Едвај чекам да го облечам славниот дрес”, рече Телес.

“Алекс е играч што го следиме веќе некое време. Неговиот учинок во последните неколку години е токму она што го бараме. Тој е борец и победник”, додаде менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *