Англија Трансфери
Единсон Кавани, Манчестер Јунајтед

Две минути пред полноќ, Манчестер Јунајтед ги воодушеви навивачите со информација за новото засилување Единсон Кавани. 33-годишниот напаѓач пристигнува како слободен агент со договор за 1 + 1 сезони со неделна плата од 200 000 фунти. Последен пат играше за Пари Сен Жермен, каде забележа легендарна кариера, станувајќи стрелец № 1 во историјата на клубот.

Уругваецот на „Олд Трафорд“ ќе го носи дресот со број 7, кој претходно беше на грбот на играчи како Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо и Ерик Кантона.

Инаку, последниот ден од преодниот рок се покажа доста зафатен за Јунајтед. Клубот ги ангажираше и Алекс Телес од Порто и Амад Траоре од Аталанта, а истовремено го продаде Крис Смолинг во Рома. Сепак, преговорите со Барселона за Усман Дембеле пропаднаа, но сè уште постои шанса да биде земен Исмаил Сар од Ватфорд. Вториот може да биде привлечен дури и по затворањето на трансфер прозорецот, бидејќи клубовите од Премиер лигата може да земаат играчи од пониските дивизии во Англија до 16 октомври.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *