Видео УЕФА Лига на нации
Македонија, Косово
B. Kololli (автогол) 15′1 – 0
1 – 1 29′ F. Hadërgjonaj
(асистент B. Celina)
D. Velkovski 33′
(асистент E. Bardhi)
2 – 1

Македонската фудбалска репрезентација го совлада Косово со 2:1, и е на само чекор од пласман на првото Европско првенство за нас.

Ние први го отворивме резултатот, со гол во 15-тата минута. Ристовски не зафати најдобро една топка на работ од противничкиот шеснаесетник, но истата го погоди противничкиот дефанзивец Кололи, доволно за да го измами Муриќ на голот.

Гостите возвратија во 29-та минута, кога искористија едно недоразбирање меѓу Димитриевски и Велковски. Сепак, нашиот стопер се поправи по само 4 минути, кога одлично биеше со глава на нафрлената топка од Барди.

Во второто полувреме бевме далеку подобар противник. Постигнавме и 2 гола, но и двата беа поништени поради офсајд позиција. Гостите најсериозната шанса ја имаа во завршницата на натпреварот, но Димитриевски направи две едноподруго одбрани, и го зачува минималното водство до крајот на мечот.

Во финалето од плејофот на Лигата на нации нè очекува дуел со Грузија, кој е закажан за 12 ноември.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *