Трансфери
Кај Хаверц, Челси, трансфери

Фудбалските клубови од Европа и светот потрошија 1,9 милијарди долари помалку, на меѓународни трансфери, во споредба со претходното лето, покажува студијата на Меѓународната федерација на ФИФА, објавена денес.

Пандемијата од коронавирус предизвика проширување на преодниот рок за пет недели, и траеше до октомври, но исто така им нанесе сериозен финансиски удар на клубовите. Недостигот на приходи поради играњето зад затворени трибини, ги ограничи тимовите на 3,92 милијарди долари за нови играчи, а минатото лето сумата беше 5,8 милијарди, иако преодниот рок беше пократок.

Од 2010 година, клубовите се обврзани да споделуваат финансиски детали за трансферите со ФИФА. За дамите, правилата се исти, а најновите информации покажуваат двојно зголемување на вкупната сума од минатото лето, која сега изнесува 821 800 долари. Како и секогаш, европските клубови потрошија најмногу пари – 3,78 милијарди.

Англичаните се одговорни за 1,25 милијарди, додека Италијанците потрошија 544 милиони за странски трансфери, а собраа 484 милиони. Шпанците добија 672 милиони, а Британците само 396 милиони.

Сепак, податоците на ФИФА не ја покажуваат целосната слика, бидејќи тие не вклучуваат трансфери на играчи во екипи од иста држава, без оглед на националноста на играчите. Според извештајот на ФИФА, јужноамериканските клубови заработиле 295 милиони од продажба на играчи, а потрошиле само 25 милиони.

Во Азија потрошиле 87 милиони и добиле 62 милиони. Намален е и бројот на трансфери. Меѓународните трансфери минатата година беа над 9.000, додека сега се само 7.424. Од нив 1.222 се бесплатни трансфери, што е за 25% повеќе отколку во 2019 година.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *