Германија Трансфери
Давид Алаба, Бајерн Минхен, договор

Спортскиот директор на Бајерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ е категоричен дека клубот нема да му постави ултиматум на Давид Алаба да го продолжи неговиот договор. Босанецот зборуваше и за веќе изминатиот преоден рок на Баварците.

“Давид е наш играч и веќе 12 години е во клубот. Нема да му поставиме ултиматум, сите знаеме што имаме во неговото лице. Се обидуваме да го убедиме и секако дека ќе бидеме среќни ако остане во Минхен. Имавме две етапи на трансфери. Во првата, потпишавме со Нубел, Нијанзу и Сане, потоа целосно се фокусиравме на Лигата на шампионите и сакавме тимот да работи во мир, потоа мораше да видиме кои се нашите опции и имавме доволно време за да потпишеме со најдобрите играчи.

Се наоѓаме во тежок период, сите клубови во светот треба да се справат со ова. Затоа беше потребно правилно да го искористиме нашиот буџет. Бајерн е секогаш заинтересиран да му обезбеди на својот тренер најдобра екипа во однос на спортот, но исто така мора да се обидеме да не излегуваме од нашите финансиски рамки. Буна Сар има офанзивни квалитети, има брзина и е многу агилен. Мислиме дека тој има многу добри вештини во дриблинг и со него тренерот има прилично добра опција за десен бек. Тој исто така може да игра во друга шема, како што е одбрана со три стопери. Видовме колку може да биде корисен Максим во Лисабон. Од лично искуство знам колку е важно да се има голем број на добри напаѓачи“, рече Салихамиџиќ за време на презентацијата на Сар и Чупо-Мотинг.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *