Видео УЕФА Лига на нации
Езѓан Алиоски, Македонија, Грузија
0 – 1 74′ K. Kvaratskhelia
(асистент N. Kvekveskiri)
E. Alioski (пенал) 90’+31 – 1

По ремито од 3:3 на гостувањето кај Естонија, нашата репрезентација повторно одигра нерешено, овојпат против Грузија, која ни е противник и во финалето од баражот за Европското првенство.

Гостите влегоа посериозно во натпреварот и имаа доминација во воведните 30 минути. Крајот од првото полувреме ни припадна нам, но не успеавма да креираме посериозна шанса кон голот на Лорија.

Во второто полувреме игравме солидно, но едно невнимание на нашата одбрана го сврте текот на натпреварот. Имено, во 66-та минута Столе Димитриевски истрача од својот гол, притоа играше со рака вон шеснаесетникот, за што полскиот судија му додели директен црвен картон.

Гостите ја искористија предноста од играч повеќе, со гол во 74-та минута. 19-годишниот резервист Кварацкелија одлично ја искористи укажаната шанса. Фудбалерот на руски Рубин Казан направи одличен пробив по левата страна, биеше силно и прецизно, за водство од 0:1.

До крајот на натпреварот не се предадовме, напротив имавме неколку добри напади, но без посериозна шанса. Во судиското продолжение добивме пенал, чиј реализатор беше Езѓан Алиоски.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *