Англија
Manchester United

Манчестер Јунајтед покажа вистинска доминација на гостувањето во Велс, совладувајќи ги Кардиф со високи 1-5.

“Црвените ѓаволи” дојдоа до водство по само 3 минути игра, кога Маркус Рашфорд постигна гол од слободен удар. Овој брз гол како да го крена духот на уште повисоко ниво, па избранициите на Солскјер продолжија во уште подобро светло.

Веќе во 29-та минута Андер Ерера со удар надвор од шеснаесетникот го зголеми водството на 0-2.

Во 38 минута Мајкл Оливер покажа на белата точка, откако процени дека Рашфорд играл со рака во шеснаесетникот. Виктор Камараса биеше неодбранливо за 1-2 и ги врати домаќините во игра.

Во 41-та минута Марсијал со убав гол заврши една прекрасна акција и го постави резултатот со кој заврши првото полувреме 1-3.

Во второто полувреме Црвените Ѓаволи продолжија со исто темпо, играа прекрасен офанзивен фудбал кој не беше својствен за тимот во времето на Мурињо.

Во 57-та минута Лингард реализираше од белата точка, откако претходно сам го заработи пеналот во ситуација кога беше фаулиран од Бамба при продор во шеснаесетникот на домаќините.

Во 90-та минута истиот играч Лингард ги постави и конечните 1-5, по една убава асистенција од Погба.

Денес Црвените Ѓаволи покажаа дека имаат квалитет и дека се спремни да се борат за пласман во некое од европските натпреварувања. Манчестер играше фудбал кој е целосна спротивност на фудбалот кој го практиваше Мурињео. Дефанзифниот фудбал на Мурињо веројатно веќе е минато.

Погба, Марсијал, Рашфорд и останатите ѕвезди кои не беа во преден план под водство на Мурињо добија шанса и покажаа дека сè уште знаат да играат фудбал. Останува да видиме дали до крајот на сезоната ќе гледаме Јунајтед кој игра со ваква голема желба да даде гол повеќе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *