Шпанија
Stole Dimitrievski

Рајо Ваљекано забележа многу важна победа на гостувањето кај одличниот Депортиво Алавес. Тимот на нашиот национален голман славеше минимално со 0:1.

Единствениот погодок беше дело на Раул де Томас во 47-та минута. Ова се многу важни 3 бода за Рајо Ваљекано во борбата за опстанок во шпанската елита.

Депортиво Алавес е 5-ти на табелата, само 4 бода помалку од Севиља. Додека Рајо Ваљекано со победава излезе од опасната зона и се наоѓа на 17-тата позиција, со исто бодови како и 16-тиот Леганес, но полоша гол-разлика.

За нашиот Столе Димитриевски ова е 4 меч во Ла Лига без примен гол, од вкупно 11.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *