Англија
manchester united

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер забележа 9 победи и само 1 нерешен дуел и со право е менаџер на месецот во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед за првпат наликува на стариот шампионски тим од времето на сер Алекс Фергусон. Норвежанецот потполно го смени односот со играчите и направи одлична атмосфера на Олд Трафорд, која несомнено функционира.

Она што е интересно, дури и чудно, е фактот што за првпат менаџер на “црвените ѓаволи” е избран за №1 од месец октомври 2012 година наваму, кога за последен пат сер Алекс Фергусон го доби ова признание. Во меѓувреме на клупата на Манчестер беа: Дејвид Мојс, Луј ван Гал и Жозе Мурињо.

Норвежанецот направи убав гест избирајќи да се фотографира со целиот стручен штаб на доделувањето на наградата, а не сам како што е вообичаено. Медиумите велат дека, на овој начин, тој сака да го истакне придонесот и да им се заблагодари на своите асистенти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *