Видео Лига на шампиони

По спектакуларната победа на Јунајтед се огласија и дел од поранешните ѕвезди на “црвените ѓаволи” кои сега работат како коментатори.

Гери Невил изјави: “Нема шанси Солскјер да не добие перманентен договор со Јунајтед. Бев сигурен за тоа и пред натпреварот, но сега сметам дека треба да му биде дозволено на Солскјер сам да ги одбере должината на договорот, платата која ќе ја зема во тој период, па дури и да постави своја статуа пред стадионот доколу сака.”

Рио Фердинанд исто така беше среќен за пласманот на Јунајтед во следната фаза, но даде и свој критички осврт на пеналот во судиското продолжение кој му овозможи пласман на Јунајтед во следната фаза: “Не се согласувам дека имаше доволно елементи за пенал. Ниту еден судија не може да ме убеди во тоа. Секако дека ми е драго што продолжуваме понатаму, но не ја разбирам одлуката за пенал. Ако е ова ново правило, сметам дека е погрешно.”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *