Англија Видео

Поради натпревари во ФА купот, овој викенд ќе се одиграат само 5 натпревари во рамки на 31-то голо во Премиер Лигата. Денес од 16:00 се одиграа 3 натпревари.

Несомнено најинтересен беше дуелот меѓу Вест Хем и Хадерсфилд. На овој меч имаше два пресврти, дури 7 гола и доста високо темпо во текот на целиот натпревар.

M. Noble 15′1 – 0
1 – 1J. Bacuna 17′
1 – 2K. Ahearne-Grant 30′
1 – 3K. Ahearne-Grant 65′
A. Ogbonna 75′2 – 3
J. Hernández 84′3 – 3
J. Hernández 90’+14 – 3

Домаќините добро го почнаа натпреварот поведувајќи со голот на Нобл во 15′. Сепак среќата не траше долго, бидејќи Бакуна изедначи во 17′. Грант се погрижи за целосен пресврт и водство на Хадерсфилд од 1-2 во 30′, а истиот играч ја зголеми предноста во 65′ за 1-3.

“Чеканите” изгледаа немоќно и без идеа долго време во второто полувреме. Сепак, по еден одличен скок стоперот Огбона постигна гол со глава и ја намали предноста на 2-3 и домаќините добија надеж да тргнат уште похрабро.

Финишот од натпреварот го одбележа Чичарито Ернандез, кој со два гола во 84′ и 91′ обезбеди целосен пресврт и победа од 4-3 за Вест Хем. Чичарито беше прогласен и за играч на натпреварот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *