Видео Евро2020
Goran Pandev
E. Alioski 11′1 – 0
E. Elmas 29′2 – 0
2 – 1D. Velkovski (OG) 87′
E. Elmas 90’+33 – 1

Нашиот фудбалски национален тим одигра одличен натпревар против Латвија и сосема заслужено слави со победа од 3:1.

Нашиот капитен, Горан Пандев го одигра 100-тиот натпревар за националниот тим и се изедначи на првото место, по настапи, со Гоце Седлоски.

Македонија го почна натпреварот одлично, Пандев асистираше во 11-тата минута на Алиоски за рано водство. Хасани се повреди во 23-тата минута, а Елиф Елмас влезе на негово место и ја искористи шансата максимално постигнувајќи 2 гола. Прво го зголеми водството на 2:0 во 29-тата минута, а погоди и во 3-тата минута од судиското продолжение за конечни 3:1. Во меѓувреме Дарко Велковски, во обид да расчисти при еден слободен удар, си постигна автогол во 87-та минута.

Ељиф Елмас

Македонија е на лидерската позиција во групата Г со 3 бода, исто колку и Полска, но ние имаме подобра гол-разлика. Во рамки на првото коло од нашата група, беа одиграни уште 2 натпревара:

Израел 1 : 1 Словенија
Австрија 0 : 1 Полска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *