Евро2020
M. Zajc 34′1 – 0
1 – 1E. Bardhi 47′

Денес во Љубљана Македонската фудбалска репрезентација го одигра вториот натпревар во рамки на втората фаза од квалификаците за Европското првенство 2020.

Словенците поведоа во 34′ преку Миха Зајц, кој прецизно биеше со глава за 1-0, резултат со кој заврши првото полувреме.

Второто полувреме почна одлично за нашиот тим и во 47′ успеавме да стигнеме до изедначување, преку Барди кој биеше прецизно по едно нафрлување на Алијоски од левата страна.

Второто полувреме беше доста динамично, имаше шанси на двете страни и на крај кога сè ќе се земе предвид, ремито претставува и најреален резултат.

По две одиграни кола во групата Г, Полска е првопласирана со 6 поени, додека Израел и Македонија ја делат втората позиција со по 4 поени. Израел е на втората позиција само поради тоа што има повеќе постигнати голови од Македонија. Словенија е четврта со 2 поени, додека Австрија и Летонија се последни без бодови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *