Англија
Premier league

Борнмут – Барлни

A. Barnes 4′ OG1 – 0
1 – 1C. Wood 18′
1 – 2A. Westwood 20′
1 – 3A. Barnes 56′

Бурнмут почна добро против Барнли и поведе во 4′, кога Барнс си постигна автогол.

Барнли изедначи преку Вуд во 18′, а две минути подоцна во 20′ Вествуд постигна погодок за целосен пресврт и водство од 1-2.

Во второ полувреме Барнс повторно погоди, но овојпат противничката мрежа, за конечни 1-3. Со оваа победа Барнли се оддалечи од опасната зона, на 6 поени пред 18-то пласирниот Кардиф, со што речиси си загарантира опстанок во најелитното англиско друштво на 5 кола до крајот.

Хадерсфилд – Лестер Сити

0 – 1Y. Tielemans 24′
0 – 2J. Vardy 48′
A. Mooy 52′1 – 2
1 – 3J. Maddison 79′
1 – 4J. Vardy 84′

Хадерсфилд сезонава е дефинитивно најслабиот тим во Премиер Лигата, а тоа се потврди и на мечот против Лестер. Лестер поведе 0-1 во 24′ преку Тилеманс, резултат со кој заврши и првото полувреме.

Во второто полувреме Варди зболеми на 0-2 во 48′, а Мој го намали водството на 1-2 во 52′. Во 79′ Мадисон постигна гол за 1-3, а конечните 1-4 ги постави Варди во 84′, со својот втор погодок.

Њукасл – Кристал Палас

0 – 1L. Milivojević 81′

Во најнеефикасниот меч на ова коло, Кристал Палас победи со 0-1 на гостувањето против Њукасл, со голот на Миливојевиќ од пенал во 81′. Интересно, ова е 11-от погодок на Миливојевиќ оваа сезона, а од сите 11 само еден не е постигнат од белата точка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *