Англија Видео
Lucas Moura
V. Wanyama (ас. Llorente) 24′1 – 0
Lucas Moura (ас. M. Sissoko) 27′2 – 0
Lucas Moura (ас. C. Eriksen) 87′3 – 0
Lucas Moura (ас. Son Heung-Min) 90’+34 – 0

Тотенехм, без главната ѕвезда Кејн, го совлада аутсајдерот Хадерсфилд со високи 4:0 и се врати на 3-тата позиција на табелата, со 67 бода или 1 повеќе од градските ривали Челси, т.е. 4 повеќе од Арсенал кој има и натпревар помалку.

Виктор Ванјама погоди во 24-тата минута за водство на домакините, а главен играч на натпреварот беше Бразилецот Лукас Мура, кој зголеми на 2:0 во 27-та минута, а стигна до хет-трик во завршните минути од натпреварот.

Тимот на Почетино конечно се враќа во форма, можеби во најважниот дел од сезоната. Во Лигата на шампиони имаат минимална предност од 1:0 против Манчестер Сити, а во средата гостуваат во Манчестер, каде имаат солидни шанси, бидејќи со само 1 гол во гости, домакините ќе бркаат 3 гола.

Хадерсфилд, со само 14 бода на 34 натпревари, се практично и теоретски испаднати и догодина ќе настапуваат во англискиот Чемпионшип.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *