Видео Италија
0 – 1S. El Shaarawy (ас. E. Džeko) 14′
I. Perišić (ас. D. D’Ambrosio) 61′1 – 1

Гостите од Рим стигнаа до рано водство, во 14′, кога Ел Шарави постигна фантастичен погодок од 20-тина метри.

По примениот погодок Интер ја презеде иницијативата и контролата над натпреварот. “Неро-аѕурите” имаа доминација во текот на првото полувреме и неколку добри шанси, но не успеаа да изедначат се до 61′, кога Перишиќ постигна гол со глава за 1-1, резултат со кој и заврши натпреварот.

На 5 кола до крајот Интер се наоѓа на 3-та позиција со 61 поен, Милан е четврти со 56, додека Рома е петта со 55 освоени поени. Во битката за топ 4 и место за во Лига на Шампиони може да се вклучи и Аталанта која има 53 поени, доколку утре успее да го изненади Наполи, кој е второ пласиран со 67 поени, 20 помалку од прво пласираниот Јувентус, кој денес официјално го освои Скудетото.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *