Видео Франција
K. Mbappé (ас. M. Diaby) 15′1 – 0
K. Mbappé (ас. Dani Alves) 38′2 – 0
K. Mbappé (ас. Dani Alves) 55′3 – 0
3 – 1A. Golovin (ас. Carlos) 80′

На мечот против својот поранешен клуб Монако, Мбапе му ја донесе титулата на ПСЖ.

20-годишниот Французин го отвори натпреварот во 15′, по одлична асистенција на Диаби.

Во 38′ Мбапе додаде за Дани Алвеш, Бразилецот веднаш на прва му врати дупли пас, а Французинот биеше неодбранливо за 2-0.

Во 51′ Мбапе имаше одлична шанса за хет-трик, но стативата беше сојузник на Субашиќ. Четири минути подоцна Дани Алвеш повторно му асистираше на Мбапе, а овојпат Мбапе имаше лесна задача и погоди за 3-0 и за хет-трик против својот поранешен клуб. Емоциите беа толку силни, што овојпат Мбапе го прослави голот, за разлика од првите два гола, кои не ги славеше од почит кон својот поранешен клуб.

Головин постигна почесен погодок за гостите во 80′, за конечен резултат 3-1.

На 5 кола до крајот, денес ПСЖ и официјално ја освои титулата, бидејќи разликата од второ пласираниот Лил е високи 19 поени.

Покрај хет-трикот на Мбапе и освојувањето на титулата, натпреварот го одбележа и враќањето на Нејмар на почетокот на второто полувреме, кој 3 месеци се мачеше со повреда.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *