Англија Видео
N. Keïta (ас. Mohamed Salah) 1′1 – 0
S. Mané (ас. A. Robertson) 23′2 – 0
Mohamed Salah (ас. T. Alexander-Arnold) 45’+13 – 0
S. Mané (ас. J. Henderson) 66′4 – 0
Mohamed Salah (ас. A. Robertson) 83′5 – 0

Во 16-та секунда Ливерпул стигна до рано водство со голот на Кеита, по асистенција на Салах, на која и предводеше изгубена топка од Станковиќ.

Во 23′ Робертсон нафрли, а Мане биеше прецизно со глава за 2-0 за Ливерпул.

Во продолжението на првото полувреме Салах со лоб го совлдада гостинскиот голман Лесл, за високи 3-0 за Ливерпул на полувреме.

Во второто полувреме Ливерпул влезе растеретен од каков било притисок и лесно креираше шанси за гол.

Во 66′ Мане постигна втор гол со глава, овој пат по асистенција на Хендерсон. Во 78′ Сенегалецот имаше шанса да постигне и хет-трик со глава, но го погоди дирекот.

Во 83′ Робертсон одлично асистираше од страна, со топка по земја, а Салах имаше лесна задача само да ја постави ногата и да го погоди празниот гол, за високи 5-0.

Во самиот финиш “црвените” имаа уште неколку шанси да ја зголемат разликата, но обидите на Салах, Мане и ново влезениот Окслејд Чемберлејн, кој настапи по едно годишна пауза, беа блокирани или завршуваа надвор од голот.

Со оваа победа Ливерпул сега е на првата позиција со 91 поен, барем до недела, кога Манчестер Сити му гостува на Барнли.

Салах и Мане постигнаа по два погодоци и со тоа ги поминаа Агуеро и Обамејанг на листата најдобри стрелци. Сега Салах има 21, Мане 20, а Агуеро и Обамејанг имаат по 19 погодоци. Трката за најдобар стрелец е еднакво неизвесна како и трката за титулата ов Премиер Лигата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *