Франција

Денес во Франција се одиграа натпреварите од претпоследното 37 коло.

ПСЖ го пречека претпоследниот Дижон. Со евентуална победа Дижон ќе отидеше на 34 поени, односно само еден поен помалку од 17-то пласираниот Амиен, што значеше Дижон ќе имаа шанса да се надеваат за опстанок во лигата. Сепак, ПСЖ беше немилосрден и со високи 4-0 го прегази Дижон.

Á. Di María (ас. J. Draxler) 3′1 – 0
E. Cavani (ас. Á. Di María) 4′2 – 0
K. Mbappé 36′3 – 0
K. Mbappé (ас. L. Paredes) 56′4 – 0

Ди Мариа погоди уште во 3′ за 1-0, веќе следната 4′ Кавани зголеми на 2-0, додека Мбапе ја завери победата со головите во 36′ односно 56′.

Лил со “петарда” го почести Анжер, во високата победа од 5-0. Пепе постигна 2 погодоци и се зацврсти на втората позиција на листата стрелци, зад Мбапе, кој има дури 10 погодоци повеќе.

J. Ikoné (ас. J. Bamba) 2′1 – 0
N. Pépé (ас. J. Ikoné) 14′2 – 0
J. Bamba (ас. M. Çelik) 69′3 – 0
N. Pépé (пенал) 76′4 – 0
Luiz Araujo (ас. Thiago Mendes) 89′5 – 0

Лион, слично како ПСЖ, пречека тим кој се бори за опстанок. Кан се наоѓаше на 18-та позиција со 33 поени пред овој меч, односно 2 поени помалку од 17-от Амиен. Победа на Кан ќе значеше и евентуален скок во сигурната зона, но Лион не дозволи изненадување на домашен терен. Лион победи со високи 4-0 со головите на Депај (49′ и 74′), Корне 54′ и Дембеле 64′.

M. Depay (ас. M. Cornet) 49′1 – 0
M. Cornet 54′2 – 0
M. Dembélé (ас. H. Aouar) 64′3 – 0
M. Depay (ас. M. Cornet) 74′4 – 0

Словенецот Роберт Берич го предводеше Сент Етјен до победа против Ница и до осигурување на пласман за Лига Европа за следната сезона, како четвртопласиран тим во Лига 1. Покрај Берич и Хамоума постигна гол за конечни 3-0.

R. Berič (ас. Y. Salibur) 25′1 – 0
R. Berič (ас. R. Hamouma) 65′2 – 0
R. Hamouma (ас. A. Nordin) 81′3 – 0

Во последното коло нема да има никаква неизвесност за првите четири места во Лига 1, кои водат во Европските натпреварувања. ПСЖ е прв со 91 поен, Лил втор со 75, Лион трет со 69, додека Сент Етјен е четврти со 65 поени.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *