Германија Трансфери

Во последните 2 дена Борусија Дортмунд успеа да постигне договор за трансфер на дури 3 играчи. И тоа не какви било, туку едни од најдобрите фудбалери во Бундес Лигата.

Најпрво вчера “милионерите” го потврдија трансферот на Нико Шулц, кој за 25 милионие Евра ќе премине од Хофенхајм во Борусија Дортмунд. Шулц игра како лев крилен бек (во формација со 3 стопери), лев бек (во формација со 4 дефанзивци) или лево офанзивно крило.

Денес од Дортмунд првин соопштија дека договор е постигнат и со Торган Азар, братот на Еден Азар. Азар на Сигнал Идуна Парк ќе се пресели од Борусија Менхенгладбах, са сума од 40 милиони Евра. Последнава сезона Азар играше одлично и постигна 10 гола и 10 асистенции на 33 одиграни натпревари во Бундес Лигата. Тој може да игра како лево или десно офанзивно крило во нападот.

Третиот играч кој се сели во Дортмунд е Јулиан Брандт. 23-годишниот Германец играч може да игра на повеќе позиции во нападот, пред сè како офанзивен плејмејкер, или така наречена “десетка”, но исто така и како лев или десен крилен напаѓач. Трансферот на Брандт е вреден 25 милиони Евра.

Ако на овие трансфери го додадеме и тоа дека Дортмунд го откупи Пако Алкасер од Барселона, кој сезонава одлично играше како позајмен фудбалер, може да кажеме дека “милионерите” се спремаат за титула следната сезона и ќе бидат конкурентни на сите фронтови доколку новите засилувања успешно се вклопат во тимот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *