Опсајд Франција
Dani Alves, Neymar

Десниот бек на парижани, Даниел Алвеш е убеден дека, неговиот соиграч, Нејмар Жуниор ќе остане на “Паркот на принцовите”, и покрај гласините кои го поврзуваат со Барселона и Реал Мадрид.

“Вечера не е доволно. Потребно ли е да се обложам во Ајвеловата кула? Верувам дека ќе остане во ПСЖ. Реал Мадрид е заинтересиран за многу фудбалери, затоа не ме чудат таквите гласини. За враќање во Барселона мислам дека е многу тешко. Луѓето таму не сметаат дека имаат потреба од него, а токму тоа ја прави дистанцат, меѓу Нејмар и клубот поголема. На кого не му треба Нејмар? Сите имаат потреба од играч од калибарот на Нејмар.

Тој сака да победува, постојано. Сака секогаш да е на врвот, и нормално ако не е, тоа го прави несереќен. Не е задоволен од резултатите со ПСЖ сезонава, но тоа го мотивира, уште повеќе, за следната сезона – беа зборовите на Дани Алвеш за ESPN.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *