Германија
0 – 1R. Lewandowski (ас. D. Alaba) 29′
0 – 2K. Coman 78′
0 – 3R. Lewandowski (ас. J. Kimmich) 85′

Сезонава Нико Ковач беше изложен на доста критики и медиумите честопати споменуваа дека е можно тој да биде отпуштен, особено по испаѓањето на Баерн од Лига на Шампиони. Сепак, Хрватот одговори на најдобар можен начин на критиките, освојувајќи ја двојната круна во Германија.

Во финалето во Купот на Германија Баерн се сретна со незгодниот Лајпциг.

Во 29′ Алаба центрираше, а Левандовски погоди одлично со глава за водство на “баварците” од 1-0.

Се играше прилично изедначен момент се до 77′ кога Коман одлично ја исфрли од игра одбраната на Лајпциг и шутираше прецизно за водство на Баерн од 2-0.

Во 85′ Левандовски искористи грешка во одбраната на Лајпциг и реализираше со лоб за конечни 3-0 за Баерн. Со овие 2 гола Левандовски постави рекорд како играч со најмногу голови во финалиња во Германскиот куп. Пољакот сега има вкупно 6 погодоци.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *