Шпанија

Сеск Фабрегас беше само 16-годишно дете кога пристигна во Лондон, а токму Хосе Антонио Рејес беше единствениот сонародник, кој топло го пречека во далечниот Лондон. Неочекуваната смрт на 35-годишниот Рејес тешко го погоди Фабрегас, кој со тажна порака се опрости од својот пријател.

„Мојот прв вистински пријател во професионалниот фудбал, мојот цимер кој секогаш сакаше да спие со вклучен климатизер на -10 степени. Смирен човек кој секогаш се смееше, одличен фудбалер, и пред сè, одлична личност. Не можеше да се разбудам денес на полош начин. Никогаш нема да те заборавам тебе и твоето семејство, кое ме повика дома на првиот Божиќ во Англија, кога бев сам и кога имав само 16 години. Никогаш нема да ги заборавам нашите тениски мечеви пред да одиме во вежбалницата. Нашата врска на теренот беше специјална, секогаш беше лесно да те пронајдам меѓу линиите за да ја направиш разликата. Секогаш велам дека ти беше еден од најголемите таленти во фудбалот и знам дека не грешам. Пред два дена, зборував за тебе во едно интервју, можеби тоа беше знак, којзнае, да се потсетам на тебе, мој голем пријателе. Никогаш нема да те заборавам, ние никогаш нема да те заборавиме. Секогаш ќе останеш дел од нашите срца. Почивај во мир Хозе Антонио Рејес. Те сакам многу. Сеск“

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *