Македонија

Во пресрет на мечот против Полска Панчев даваше изјави за новинарите. Тој изјави дека Полска е фаворит, но дека ќе имаме неизвесен натпревар на кој Македонија ќе се обиде да го изненади фаворитот.

Покрај тоа Панчев беше запрашан од новинарите што мисли за споредбите на Пандев со него и мислењата дека Горан е подобар од него. Панчев одговори:

“Ниту еден Македонец не ја покажа мојата класа. Три години мојот трансфер беше најскап во светот, а во 1991 го освоив второто место во борбата за Златната Топка.”

Потоа Панчев истакна дека Горан Пандев не би играл во Интер од неговото време, од деведесетите:

“Во мое време само 3 странци можеа да играат во тим во Италија. Замислете да е слично и денес, колку добри фудбалери не би можеле да дојдат? Во случај на старите правила, дали Пандев би бил дел од Интер кој ја освои Лига на Шампиони? Ако сте тренер и треба да одберете меѓу Ето, Снајдер, Милито, Жулио Цезар… би го одбрале ли Пандев?”

Покрај ова Панчев призна и дека најголемата грешка во кариерата му е тоа што одлучил да ја прифати понудата од Интер, а имал понуди и од Манчестер Јунајтед, Реал и Барселона.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *