Видео Евро2020
0 – 1K. Piątek (ас. R. Lewandowski) 47′

Македонската репрезентација одигра солиден натпревар против фаворитот Полска, но на крај сепак загубивме 0-1.

Во првиот дел гостите беа за нијанса по доминантни на средината од теренот, но нашиот тим одлично се бранеше и целосно го неутрализираше Левандовски, кој беше речиси незабележлив.

На самиот почеток на второто полувреме имаше гужва во нашиот шеснаесетник, Алиоски не успеа да ја исфрли топката, Левандовски беше најснаодлив и го совлада Димитриовски, додека Пиатек само го потврди погодокот со минимален контакт.

По примениот гол нашата репрезентација успеа да се врати психолошки во натпреварот и да креира неколку шанси, меѓу кои најубавата беше за Несторовски кој одлично биеше со ефе, но неговиот шут одлично го одбрани Фамиански.

Во 85′ Муслиу доби втор жолт картон, по што беше исклучен, па нашата селекција со 10 играчи не успеа во финишот да притисне и да стигне до изедначување.

По 3 одиграни кола во групата Г од квалификациите за Европското првенство, нашата селекција е третопласирана со 4 освоени бода. Први се Полска со 9 поени, втори се Израел со 7, додека зад нас во групата се Австрија со 3, Словенија 2 и Летонија која сè уште е без бодови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *